Во Нов Белград откриена гаража полна оружје
Гаража полна со оружје пронајдена е вечерва на Нов Белград, а арсеналот е поврзан со обидот за атентат врз премиерот, Александар Вучиќ во Јајинци.
Полицијата вечерва во гаража лоцирана на Нов Белград пронашла автомобил, во кој имало поголемо количество на оружје. Арселанот е откриен во рамките на истрагата за оружјето што беше пронајдено во близина на семејната куќа на Вучиќ во Јајинци. Станува збор за автомобил марка рено меган во кој е пронајден хеклер, две пакувања од по 200 грама од ТНТ експлозив, детонатор и мобилен телефон за далечинско активирање на експлозивот, како и пиштол. Автомобилот наводно бил украден во јануари.
Се врши увид на местото на настанот.
Слично
