Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во невремето во БиХ загина маж, а во Србија гром уби дете

Во невремето во БиХ загина маж, а во Србија гром уби дете

Во невремето во Босна загина маж, а десет луѓе се повредени.

Загина 68-годишен маж кој се лизнал од покривот на кој се обидувал да ја поправи штетата што ја предизвикал силниот ветер придружен со силен дожд и град. Човекот починал на лице место. 

Невремето вчера ја зафати областа Семберија во Босна и Херцеговина, потврдија локалните служби за цивилна заштита и итна помош во Бијелина.

Уште десетина луѓе побарале медицинска помош за здобиените повреди, кои биле на отворено во моментот кога ги фатило невремето.

Оштетени се десетици куќи и станбени објекти, предизвикана е штета и на земјоделските насади.

Седумгодишно дете починало синоќа во населба кај Панчево. Телото на детето е најдено покрај патот, а поради силното невреме кое било во тој крај се верува дека во детето удрило гром. Делови од Србија вчера беа погодени од невреме со силен дожд. 

Слично

Поврзани вести