Во неколку области Албанија ќе бара злато
Албанија кани компании да пребаруваат злато во рударски области.
Станува збор за четири рударски области од интерес за истражување и откривање, а понудите заинтересираните компании може да ги достават до 6 септември.
„Она што се издвојува во списокот од четири области се две од нив кои имаат за цел потрага и откривање на злато, едната се наоѓа во Либражд, а другата во Мирдита. Останатите две рударски области се доделуваат за откривање на бакар во Мирдита и за експлоатација на минерал шкрилец во Скрапар“, објави весникот Монитор.
Министерството за инфраструктура и енергетика бара од понудувачите да достават понуда само за една конкурентна област, во која се обврзуваат дека ќе ги прифатат условите и обврските кои произлегуваат од изборот во конкурсната постапка.
