Во недела втор круг од локалните избори, од полноќ изборен молк
На полноќ завршува изборната кампања за вториот круг од петите локални избори. Утре и в недела е изборен молк. Гласањето во втор круг ќе се одвива во 29 општини и во Градот Скопје, а првиот круг ќе се прегласува на три избирачки места во Струмица и на едно во Општина Долнени.
Избирачкиот материјал е веќе предаден на општинските изборни комисии, кои треба да ги достават до избирачките одбори.
Утре гласаат болните и немоќните лица, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и внатрешно раселените лица.
Гласањето започнува во 7 часот, а завршува во 19 часот.
Втор круг гласање за градоначалници ќе има во Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чешиново-Облешево и Градот Скопје.
Во Струмица ќе се прегласува првиот круг на избирачките места 1727, 1730 и 1734, каде што има вкупно 3.255 гласачи.
Слично
