Во недела ВМРО-ДПМНЕ најавува голем собир во СЦ „Борис Трајковски“
Во недела во салата „Борис Трајковски“ ВМРО ДПМНЕ организира трибина за актуелната политичка ситуација. Се очекува трибината спонтано да прерасне во голем партиски собир на ВМРО-ДПМНЕ. Организаторите потврдуваат дека главен говорник ќе биде премиерот Никола Груевски и затоа се очекува стотици граѓани да ја наполнат салата, но и паркингот околу со тие за кои ќе нема место внатре, пренесува Фокус.
Неофицијални извори пренесуваат дека членството на терен се мобилизира, а се тврди дека пораки за учество на трибината се праќаат до административците, а некаде веќе се правеле и списоци. Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е преку собир на граѓани да испрати порака дека нема намера да ја напушти власта и да го прифати предлогот на СДСМ за оставка и организирање избори со преодна влада.
