Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во недела на гласање: Жерновски оди до крај, Наумовски се откажа од Ѓорче Петров

Во недела на гласање: Жерновски оди до крај, Наумовски се откажа од Ѓорче Петров
Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски нема да ушествува во третиот изборен круг. Тој најави дека ќе поднесе кривична пријава против Груевски, Ставрески и Сокол Митровски, заради како што рече, грубо прекршување на избирачкото право меѓу првиот и вториот изборен круг. Одлуката на Управниот суд за Ѓорче Петров е врвен срам за правната држава и директен показател за упадот на власта во изборите, истакна Наумовски. „Управниот суд поништи едно избирачко место заради уцена на гласачите на само едно избирачко место, а кое се случи во МЗ Волково, во која има вкупно 4 избирачки места. Заради тоа, Изборниот штаб на Сојузот за иднината во општина Ѓорче Петров, одлучи да не учествувам во третиот изборен круг“, рече кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров. Неговиот коалиционен колега, Андреј Жерновски оак најави остра борба во недела за општина Центар, а посочи дека иако ја почитув одлуката на Наумовски, нема намера да се откаже од ррката. „Волјата на гласачите, желбата на граѓаните во Центар беше да го истрчаме овој круг до крај. Ниту јас, ниту ние немавме право да постапиме поинаку затоа што кога веќе бараме власта да ја почитува волјата на граѓаните на Центар, и ние мораме да ја почитуваме, а таа волја во недела ќе се потврди по трет пат“ истакна Жерновски кој побара од власта да престане да ги злоупотребува жителите на Мала Преспа.  
Слично

Поврзани вести