ВО НЕДЕЛА ЌЕ РАБОТАТ МОЛОВИТЕ - работниците ќе добиваат 100 отсто повисока дневница
Парламентот го изгласа законот за недела неработен ден, но и на самиот старт овој закон наиде на спротивставување кај дел од работодавачите затоа што ќе имаат непредвидени трошоци. Опозицијата, пак, смета дека ќе има манипулации со вработените.
Таа вели дека при изработка на законот се користеле позитивните искуства од другите земји.
„Единствно исклучок се прави во Законот за трговија за моловите. Ќе работат и зелените пазари. Ние тргнавме со 31 исклучок, а со дијалог дојдовме до 41 исклучок за процеси кои се суштински и ако не се работи во недела ќе се наруши процесот на производство. Со тоа што работат моловите, работниците ќе добиваат 100 отсто поголема дневница, а во Буџетот ќе се слеваат 2 отсто повеќе даноци што ќе се користат за изградба на градинки“, вели Шахпаска.
Слично
