Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во недела, голем протестен марш на опозицијата низ Скопје

Во недела, голем протестен марш на опозицијата низ Скопје
Коалицијата „Сојуз на иднината“ предводена од СДСМ за во недела најави голем протестен марш. Како што денска за време на блокадите информираше генералниот секретар на партијата Андреј Петров, маршот ќе се одржи во недела напладне, а поворката ќе се движи од Тафталиџе во близината на Веро, ќе продолжи по Теодосиј Гологанов, Рузвелтова, Народен Фрон“, Васил Ѓоргов и Железничка, за да заврши пред Министерството за внатрешни работи. „Оваа власт одбива да ја преземе одговорноста за настаните на „црниот понеделник“, за бруталното суспендирање на демократијата во земјата и одбива да покаже волја Македонија повторно да се врати на демократскиот колосек. Поради сето тоа движењето на отпорот станува се посилно и посилно“, изјави Петров.
Слично

Поврзани вести