Во наредните денови ќе се исплати ланската државна помош за компаниите, најави Мицкоски
Фирмите што немаат добиено средства од државна помош за странските компании и поддршката за инвестиции за минатата година за домашните компании ќе ја добијат до крајот на годинава, односно во наредните денови, тврди премиерот Христијан Мицкоски.
„Немавме мислење од ДКСК кога се обративме, дали можеме или не можеме. Одлучивме да почекаме да завршат изборите и да исплатиме. Без разлика дали е за 2024 или 2025 година“, рече Мицкоски.
Во однос на обвинувањата за монополско однесување на некои компании, премиерот вели дека треба да се почека одлуката на антимонополската компании.
Премиерот посочи и дека до крајот на неделата ќе се знаат имињата на новите министри.
„Оваа недела ќе имаме повеќе информации“, изјави кратко Мицкоски.
