Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во нападот во Газиантеп загинаа над 22 деца

Во нападот во Газиантеп загинаа над 22 деца

Повеќе од 22 од жртвите на нападот на свадба во турскиот град, Газиантеп биле деца.

Се работи за лица помлади од 14 години.  Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека бомбашот самоубиец бил дете на возраст меѓу 12 и 14 години.

Според првичните информации за нападот во кој загинаа 51 лице е одговорна групата „Исламска држава“.

Ердоган за телевизијата NTV потврди дека во експлозијата загинало 51 лице, како и дека се ранети 69 луѓе, од кои 17 се во критична состојба.

Неименуван турски владин функционер во понеделникот за Reuters прецизираше дека бројката од 51 жртва не го вклучува и бомбашот самоубиец.

Слично

Поврзани вести