Во напад во Турција загинаа двајца војника , а 24 се повредени
Членови на забранетата Работничка партија на Курдистан (РКК), утрово извршија самоубиствен напад на полициска станица каде загинаа двајца турски војници, а 24 се ранети.
Бунтовниците со трактор полн со експлозив ја нападнале жандармериската станица во округот Догубејазит во северната турска покраина Агри.
Во последнава недела, зачестени се судирите помеѓу турските власти и Курдите. Во одделен напад во неделата, во експлозија на мина при минување на воен конвој загина уште еден турски војник, а четворица беа ранети.
Минатиот месец пак, во секојдневните напади на Курдите беа убиени 17 припадници на турската полиција и војска.
Турските власти речиси секојдневно вршат воздушни напади врз позициите на Курдите во северен Ирак.
