Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО НАЈБОГАТИОТ ГРАД НА СВЕТОТ ЖИВЕАТ 59 МИЛИЈАРДЕРИ И 345.600 МИЛИОНЕРИ: Објавена е ранг листата на најбогати градови

ВО НАЈБОГАТИОТ ГРАД НА СВЕТОТ ЖИВЕАТ 59 МИЛИЈАРДЕРИ И 345.600 МИЛИОНЕРИ: Објавена е ранг листата на најбогати градови

Консултантската компанија Henley & Partners ја претстави листата на 20 најбогати градови за третиот квартал од оваа година

Њујорк е прогласен за најбогат град на планетата, со 59 милијардери и 345.600 милионери, од кои 737 луѓе имаат нето вредност од над 100 милиони долари, пишува британски Дејлимејл.

Овие податоци се објавени во извештајот на консултантската компанија Henley & Partners, која ги рангираше 20-те најбогати градови во светот, за третиот квартал од оваа година.

На листата доминираат американските градови кои заземаат шест места. Тоа се: Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Чикаго, Хјустон и Далас.

Британската престолнина е на четвртото место, со 272.400 милионери и 38 милијардери, придружувајќи се на првите четири на листата од континентална Европа - Париз, Франкфурт, Цирих и Женева.

Азиско-пацифичкиот регион е посилен од САД, со дури осум градови на листата. Вклучувајќи го Токио, кој е на второто место, Сингапур, кој е на петтото место, додека Пекинг и Шангај ги зазедоа деветтото и десеттото место.

Следните 10 места ги заземаа: Сиднеј, Хонг Конг, Франкфурт, Торонто, Цирих, Сеул, Мелбурн, Далас, Женева и Париз.

Вкупното приватно богатство што го поседуваат њујорчани надминува 3 трилиони долари - повеќе од приватното богатство на повеќето земји од Г20. Самиот град има 59 милијардери, но многу од ултрабогатите живеат на блиските Лонг Ајленд и Конектикат. Со додавање на Гринич, Грејт Нек, Сендс Поинт и Олд Вестбери, вкупниот број на милијардери достигнува 120.

Токио ја има најголемата урбана економија во светот по БДП и е дом на седиштата на Хонда, Хитачи, Мицубиши, Софтбанк и Сони.

Токио има 304.900 милионери, од кои 263 вредни повеќе од 100 милиони долари, но само 12 милијардери. Малиот број на милијардери ја одразува релативно ниската нееднаквост во богатството на Јапонија во споредба со другите градови на листата, што се припишува на високите даноци во земјата за ултра богатите.

Сан Франциско е дом на технолошки титани како што се Apple, Alphabet и Meta. Силиконската долина има 276.400 милионери, вклучувајќи 623 центимилионери (100 милиони долари+) и 62 милијардери.

Британската престолнина долги години беше најбогатиот град во светот, но се лизна од врвот во последните неколку години. Лондон има 272.400 милионери, од кои 406 со повеќе од 100 милиони долари и 38 милијардери.

Henley & Partners забележува дека Лондон бележи постојан одлив на милионери во изминатата деценија, при што многумина заминуваат во блиските градови.

„Постојат голем број можни причини за егзодусот, вклучително и зголемената стапка на криминал во градот“, велат од консултантската куќа.

Сингапур, самоуправен град-држава во Азија, се смета за многу пријателски за бизнисот и е врвна дестинација за милионери кои бараат нов дом.

Само оваа година, Сингапур ќе забележи нето миграција од околу 2.800 милионери, втор само по Австралија и ОАЕ, според проекциите на консултантската куќа.

Сингапур моментално има 249.800 милионери, вклучувајќи 336 центимилионери и 26 милијардери.


Слично

Поврзани вести