Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Њујорк се воведува системот пар-непар

Во Њујорк се воведува системот пар-непар
Три дена ги делат американските кандидати од претседателските избори, а милиони луѓе во Њујорк и Џерси останаа без електрична енергија и гориво, последица од супер-бурата Сенди. Администрацијата на претседателот Барак Обама нареди за најтешко погодените области  да се купат  45 милиони литри бензин и 38 милиони литри дизел гориво. Според соопштението на владата   ќе бидат употребени стратешките резерви на дизел за итни случаи, а привремено е укинат  и Законскиот акт кој забрануваше бродови со странски знамиња да пренесуваат гас, дизел и други производи од  мексиканскиот залив во североисточното пристаниште. За да се спречи притисокот од недостаток на гориво се вклучува системот на пар-непар кој се одредува  кои возила може да се снабдат со гориво. Зголемената е загриженост за Владата и за постарите лица кои не можат да излезат од зградите каде што нема електрична енергија, така што се формираат голем број на групи на граѓани кои волонтираат во зградите  во посета на старите лица.
Слично

Поврзани вести