Во март сме потрошиле помалку струја од лани
Вкупно 760.514 МWh електрична енергија, 12.372 мил. nm3 природен гас, 754.284 тони јаглен и 67.404 тони нафтени продукти потрошила Македонија во март годинава, покажаа податоците на Државниот завод за статистика.
Споредено со истиот месец лани, вкупно потребната електрична енергија е намалена за 6,7%, додека финалната потрошувачка на електрична енергија во домаќинствата е намалена за 9%.
Процентуално, најголем раст на производството има кај електричната енергија произведена во соларни централи - за 68,4%, а растело и производството во термоцентралите за 41,4% и во кобинираните централи и индустриски енергани за 46%. Намалување има во производството на струја во хидроцентралите и тоа за 69,4% во март годинава во споредба со истиот месец лани.
Во вкупното бруто производство на електрична енергија, термоцентралите учествуваат со најголем удел - во нив се произведуваат 85% од електричната енергија. Потоа следуваат хидроцентралите со 13,1%, кобинираните централи и индустриски енергани со 1,7%, а најмал е сеуште уделот на соларните електрани во производството на струја - само 0,2%.
Увозот на струја е намален за 5,7%, а извозот е на исто ниво како и лани. Загубите во дистрибутивната мрежа се намалиле за 14,3%.
Од другите енергенси, потрошувачката на природен гас е зголемена но само во делот на финална потрошувачка и тоа за 32,7%, додека кај јавните котлари и комбинирани електрани се бележи пад од 7,2% во потрошениот природен гас. Увозот на природен гас во земјава се зголемил за 1,4%.
Слично
