Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во март повисоки нето и бруто плати од февруари

Во март повисоки нето и бруто плати од февруари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2017 изнесува 32 999 денари, a нето платата е 22 445 денари. 

За споредба во февруари нето платата била 22 347 денари, а бруто 32 869 денари. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 101.9. 

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по  вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (7.6 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување  (7.2 %) и Уметност, забава и рекреација (6.4 %).  Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување 
(5.8%) и Информации и комуникации (5.2 %). 

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата  по вработен, во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 101.8.  Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по  вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5%), Рударство и вадење на камен 
(7.2%) и Уметност, забава и рекреација (6.7%).  Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е  забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.4%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6.3 %) и Информации и комуникации (5.2%). 

Во март 2017 година, 1.3 % од вработените во Република Македонија не примиле плата.


Слично

Поврзани вести