Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во март намален бројот на туристи

Во март намален бројот на туристи

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2015 година изнесува 36 160, а бројот на ноќевањата изнесува 75 150.

Бројот на туристите во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 0.4%, а бројот на ноќевањата е намален за 4.5%.

Бројот на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 13.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 8.0%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 13.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1.8%.

Во периодот јануари- март 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 8.4%, а кај странските има зголемување за 14.0%.

Во периодот јануари-март 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата  е намален за 0.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 12.4%, а кај странските има зголемување  за 9.6%.

Слично

Поврзани вести