Во март издадени 196 одобренија за градење, 56 за скопскиот регион
Во март 2016 се издадени 196 одобренија за градење, што е за 17.6% помалку во однос на истиот месец лани.
Ова е според податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 925 448 илјади денари што е за 23.8% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 116 (59.2%) се наменети за објекти од високоградба, 32
(16.3%) за објекти од нискоградба и 48 (24.5%) за објекти за реконструкција. За 120 (61.2%) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 76 (38.8%) објекти инвеститори се деловни субјекти. Предвидена е изградба на 527 станови, со вкупна корисна површина од 42 545 м2.
По региони, во вардарскиот се издадени 16 одобренија, во источниот 28, во југозападен 22, југоисточен 21, пелагониски 10, полошки 36, североисточен 7, скопски 56.
Слично
