ВО МАРКЕТИТЕ, МОЛОВИТЕ, УЧИЛИШТАТА - во Црна Гора се укинува задолжителното носење маски, ќе бидат само препорака
Црногорската министерка за здравство, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, денеска најави дека од задутре носењето заштитни маски во училиштата, маркетите, трговските центри, спортските сали ќе биде само како препорака.
Таа во емисијата „Добро утро Црна Горо“ за в четврток најави нови мерки за заштита од коронавирусот, посочувајќи дека заштитните маски ќе бидат задолжителни во здравствените установи, во објектите за колективно сместување и во јавниот превоз.
Слично
