Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Мала Речица Заев и Ахмети имаа тричасовна средба

Во Мала Речица Заев и Ахмети имаа тричасовна средба

Првата лидерска средба на Ахмети и Заев во Мала Речица траеше речиси три часа. Двајцата претседатели разговарале за повеќе теми, меѓу кои и за спорот со Грција за името.

„Нема потреба Македонија да остане изолирана земја, туку уште поотворена, потребно е подобрување на меѓусоседските односи со другите држави, таа да биде дел од еврпоатлантсите интеграции, со што и ќе се охрабрат странските инвеститори повеќе да доаѓаат“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешната двоиполчасовна средба со претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тие денеска попладнево разговараа во Мала Речица, во Тетово во присуство и со генералните секретари на двете партии.

Ахмети вели дека лидерите и делегациите на двете партии разговарале за широк спектар на најактуелни полиички теми, почнувајќи од спорот околу името, за евроатлантските интеграциони процеси, за случувањата во македонскиот парламент од 24 – ти декември минатата година и за други теми. Ахмети во својата изјава за медиумите нагласи и дека тој и Заев „се усогласиле да ја продолжат својата соработка и во иднина во врска со теми од државен и национален интерес“.

Зоран Заев изјави дека остануваат конструктивни како партија околу настојувањата да се постигне компромис за спорот за името и за тоа според СДСМ треба да се развие политичка дебата во земјата, но ние не им даваме поддршка на политиките на Никола Груевски.

„Му го изнесовме нашиот став на Ахмети дека, според СДСМ, Анкетната комисија за настаните од 24 – ти декември во парламентот не може да продолжи да функционира без свој претседател и оти ние не прифаќаме прекршувања на уставот и напади врз новинарите, што се случуваше тогаш во Собранието“.

Заев додаде дека по оваа денешна средба со Ахмети во наредните денови тој ќе има разговори и со лидерите на ДПА Мендух Тачи со Руфи Османи на Албанската национална преродба, а потоа и со претседатели на други партии од македонскиот политички блок.

Слично

Поврзани вести