Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во македонскиот Центар за обука на пилоти ќе се обучуваат и странци

Во македонскиот Центар за обука на пилоти ќе се обучуваат и странци
Во касарната „Страшо Пинџур“ во Скопје од денеска официјално започна со работа модерниот центар за обука на пилоти за хеликоптери. Центарот е единствен од ваков вид во целиот регион на Југоисточна Европа заради што македонските власти очекуваат тој да привлече кандидати и од странство, кои се подготвени да платат за да научат да управуваат со хеликоптер.
„Според анализите кои ги направивме имавме две можности. Едната беше да плаќаме скапи обуки во странство, а другата да изградиме свој центар во кој ние ќе обучуваме кадри. Ние се одлучивме за втората можност“, рече премиерот Никола Груевски.
Центарот што македонската Влада и Министерството за одбрана го градеа заедно со израелската компанија „Елбит" нуди можност за обука не само на воени, туку и на пилоти за цивилниот сектор.
„Со овој проект се потврдува посветеноста на државниот врв за постојано вложување во модернизацијата и едукацијата на приврзаниците на Армијата на Република Македонија и на другите безбедносни структури“, додаде претседателот Ѓорге Иванов.
Центарот чинеше 43 милиони евра. Се протега на 13.000 метри квадратни, а во рамки на објектот има четири модули: модул за овозможување на теоретска и практична настава на слушателите, модул кој значи практична обука за летање, модул којшто го покрива делот за одржување и сервисирање на хеликоптерите и модул за симулатори за воените хеликоптери МИ-24 и МИ-17. Еве како изгледаат тие симулатори:
Слично

Поврзани вести