Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија застој: Дури 602 странски компании сакаат да инвестираат во Бугарија

Во Македонија застој: Дури 602 странски компании сакаат да инвестираат во Бугарија

Писма од 602 компании стасале во Министерството за економија на Бугарија. Сите тие биле заинтересирани за инвестирање во земјата, објавил денеска министерот за економија Кирил Петков на брифинг. Тој очекува наскоро писмата да станат вистински зделки, а се ерзултат на работата на економските советници кои Бугарија ги има низ целиот свет, а кои беа на посебна мисија во псоледниот период

Петков посочил дека овие писма се стасани само во последните 5 недели. Тој објасни дека 129 компании изразиле директни намери за инвестирање, 218 имале интерес, а а 255 се за идна соработка.

Привремениот министер за економија рекол дека нема странска комерцијална услуга без писмо за намери. 

„Нашата идеја за овој натпревар беше да мотивираме, да имаме принцип на натпреварување и да ги наградиме најдобрите“, објасни тој. 

Повеќето писма се од Велика Британија, САД и Германија. Според него, станува збор за преписка потпишана од странски компании кои се заинтересирани да инвестираат во Бугарија. Тие се од областа на производство на медицински помагала, системи за вшмукување јаглерод диоксид, решенија за складирање на електрична енергија Наградени се и нашите продажни канцеларии во Грузија, Романија, Русија и Индија.

Фото: Министерство за економија на Бугарија

Слично

Поврзани вести