Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија забави одливот на капиталот

Во Македонија забави одливот на капиталот

Од централна, источна и од југоисточна Европа во првиот квартал од 2013 година се повлечени 0,7 проценти од вкупниот создаден домашен бруто-производ (БДП), а од средината на 2011 година досега дури 5,5 отсто од БДП. Во некои земји банкарскиот сектор е речиси опустошен, на пример, Унгарија, од каде што е извлечен капитал во вредност од 23 отсто од тамошниот БДП, а во Словенија 17 отсто од словенечкиот БДП.

Домашните аналитичари велат дека причина за овие повлекувања се големите загуби со кои се соочија групациите во изминатите години и нивната намалена ликвидност, па покрај повлекувањето на остварените профити кај фирмите- ќерки, го повлекуваа и вложениот капитал, особено банките. Тие тврдат дека засега проблем од ваков тип во Македонија не е значајно изразен. Сепак предупредуваат ситуацијата да се следи затоа што дел од странските сопственици на нашите банки се уште имаат финансиски проблеми во матичните држави.

„Во Македонија, повлекувањето на трајниот капитал е законски регулирано и не може да биде повлечен од доминантните сопственици, што е позитивна мерка. Но, проблемите во матичните банки, може во поблага форма да се рефлектираат врз банкарскиот систем, преку повлекување на добивка и кредитни линии кон матичните банки или кон банки од групацијата, намалувајќи го потенцијалот на банките за пласирање на средствата во кредити во земјата. Во споредба со минатата година, овие одливи се намалени и состојбата е стабилизирана, но со оглед на фактот што финансиските пазари се сеуште сензитивни, а во Македонија повеќе од 80 проценти од капиталот е во доминантна сопственост на странски акционери, потребно е оваа состојба будно да се следи од страна на централната банка- вели Благица Петрески, главен економист на „Фајнанс тинк“, објави „Дневник“.

 
Слично

Поврзани вести