Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија секој петти жител е сиромашен

Во Македонија секој петти жител е сиромашен

Во земјава секој петти жител е сиромашен. 

Стапката на сиромашни лица во 2019-та година била 21.9 отсто, објави денеска Државниот Завод за статистика.

Сиромашни се семејствата со 4 члена. Домаќинства каде живеат двајца возрасни и две деца е 19.5 проценти, односно секое 4-то семејство во оваа категорија е сиромашно.

Највисока стапка на сиромаштија има во семејствата со три и повеќе деца,  во оваа категорија 45,3 отсто или скоро половина повеќедетни семејства се сиромашни. Критично ниво на сиромаштија имаат и самохраните родители со деца каде 42.8  отсто се сиромашни.

Најмала стапка на сиромаштија има во категоријата самечки домаќинства (еден возрасен член на возраст од 65 години и повеќе) и таа изнесува 3.2 отсто, а стапка на сиромаштија под 10 отсто имаат и самците.

Стапката на сиромашни вработени лица е 8.8 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.8 отсто. 

Според податоците, во 2018 година, стапката на сиромашни лица во Македонија изнесуваше исто така 21.9. отсто. 

Во 2017 година, стапката на сиромашни лица беше 22.2 отсто. 

Слично

Поврзани вести