Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија се зголемил бројот на работници во индустријата

Во Македонија се зголемил бројот на работници во индустријата

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на работници во индустријата се зголемил во земјава. 

Индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни  2018 година, во однос на јуни 2017 година, изнесува 107.3.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на периодот јануари – јуни 2017 година, изнесува 107.5.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година,  бележи пораст од 2.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 8.1 %, а во секторот Снабдување со 
електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0.2 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2018 година, во однос на јуни  2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.7 %, Капитални производи за  22.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %, опаѓање бележи кај Енергија за 0.7 % и кај Tрајни 
производи за широка потрошувачка за 1.3 %.

Ако се вратиме еден месец претходно, според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во мај  2018 година, во однос на мај 2017 година, изнесува 108.9. 

Слично

Поврзани вести