Во Македонија се поништуваат дури 26 посто од тендерите
Македонија останува една од ретките земји која во својот Закон за јавни набавки нема предвидено санкции за прекршувања на одредбите од Законот и покрај констатираните бројни случаи на вакви прекршувања, се наведува во извештајот на Центарот за граѓански комуникации кој во периодот од јануари до март 2013 година направил мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија.
Во извештајот, меѓудругото, се нагласува и дека секој четврти договор за јавна набавка во мониторираниот примерок е склучен преку тендер во кои учествувала само една фирма. Отсуството на натпревар на фирмите значи и отсуство на гаранција дека потрошените пари се дадени за квалитетни производи или услуги по поволни, односно конкурентни цени.
Оспорено е правото на фирмите да го докажуваат претходнотото искуство во работењето преку меѓусебно здружување. Државната комисија за жалби по јавни набавки оценува дека фирмите можат да ги здружат капацитетите за докажување на способност за реализација на идната набавка, но не и за докажување на претходно искуство. Поради ова постои ризик од уште поголема концентрација на јавни набавки кај мала група на големи компании.
Поништувањeтo на тендерите е на исклучително високо ниво од дури 26,6%. Вредноста на договорите склучени преку постапка со преговарање без објавување оглас во првиот квартал од 2013 година изнесува 11 милиони евра.
Слично
