Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија просечна плата изнесува 21.108 денари?!

Во Македонија просечна плата изнесува 21.108 денари?!

Според податоците на Државниот завод за статистика во Македонија просечната месечна исплатена нето плата во јуни оваа година изнесува 21.108 денари, додека просечниот бруто износ на платата е 30.957 денари.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, изнесува 102.2, што е пораст од 2,2 отсто.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 6,8 отсто, Информации и комуникации за 6,8 отсто и Градежништво за 6,1 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 9,2 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,9 отсто и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 5,3 отсто

Во јуни оваа година, 2,3 отсто од вработените во Македонија не примиле плата, објави „Нетпрес“.

Слично

Поврзани вести