Во Македонија поскапувања, во ЕУ од денеска драстично поевтини разговори и интернет во роаминг!
Користењето на интернет на мобилни телефони за жителите на земјите од Европската унија од денеска ќе биде многу поевтино кога патуваат во друга земја-членка на ЕУ.
Во пресрет на летните одмори, цените на мобилен интернет во роаминг на територијата на ЕУ се намалуваат за 50%. Извесно намалување ќе има и на цените на разговорите и СМС пораките.
Европската комисија од 2007 година ги намалува цените на мобилниот интернет во роаминг од една до друга земја-членка, а сега цените се пониски за 80% во однос на оние пред седум години.
„Големото намалување на цените за пренос на податоци во роаминг ќе биде од големо значење за сите нас ова лето“, изјави еврокомесарката за телекомуникации Нили Крос, додавајќи дека крајна цел е целосно укинување на дополнителните тарифи за роаминг меѓу земјите-членки на ЕУ до крајот на годинава.
Цената за користење интернет надвор од матичната земја во ЕУ од денеска за европските граѓани изнесува 20 евроценти за мегабајт, во однос на досегашните 45 евроценти. Појдовниот повик во роаминг ќе чини 19 наместо 24 евроценти, а дојдовниот пет наместо седум центи за минута. Цената на СМС пораките е намалена од осум на шест евроценти.
Во меѓувреме, македонските граѓани денеска ги очекуваат серија поскапувања:
ТЕЖОК ДЕН: Поскапува струјата, цигарите, бензините, гасот…
Слично
