Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија нето платата во ноември била 20.857 денари

Во Македонија нето платата во ноември била 20.857 денари
 Просечната исплатена нето плата во ноември била на ниво од 20.857 денари, додека просечната бруто плата била 30.595 денари, покажуваат податоците на  Државниот завод за статистика.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8,6 отсто, Рударство и вадење на камен за 5,7 отсто и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,3 отсто.
Зголемувањето на месечната исплатена нето-плата по вработен е во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 13,8 отсто, Други услужни дејности за 5,2 отсто и Земјоделство, шумарство и рибарство за 3,8 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8,2 отсто, Рударство и вадење на камен за 5,9 отсто и Земјоделство, шумарство и рибарство за четири отсто.
Во ноември 2012 година, 2,2 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.
Слично

Поврзани вести