Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија лани имало над 70.000 активни фирми

Во Македонија лани имало над 70.000 активни фирми

Бројот на активни фирми во Република Македонија во 2015 година изнесувал 70. 139, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо учество во структурата имаат секторите: трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли со 23 843 субјекти или 34% и преработувачка индустрија со 7. 639 субјекти или 10.9%.

Најмала застапеност имаат секторите: рударство и вадење на камен со 173 субјекти или 0.2% и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 160 субјекти или 0.2%. Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 80.2% имаат деловните субјекти со 1 до 9 вработени. Потоа следат фирмите без вработени или субјекти со неутврден број на вработени со 10.4%, зад нив се компании со 10-19 вработени со 4.3%, потоа фирмите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2.8 %, со 1.9% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0.3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

Слично

Поврзани вести