Во Македонија има повеќе од 2.000 слободни работни места само во еден сектор
Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во четвртото тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.61 %.
Највисока стапка на слободни работни места има во секторот В - Преработувачка индустрија 2.34%, додека најмала е стапката во секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде што изнесува 0.34 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1.83 %.
Најголем број слободни работни места, односно 2.105, има во петтата група занимања - Работници во услужни дејности и продажба.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.83 %.
Слично
