Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија говорник, во Албанија советник – Тони Блер баран на Балканот

Во Македонија говорник, во Албанија советник – Тони Блер баран на Балканот
Синоќа во Македонија говореше за Европа во мир, денеска стигнуваат најави дека поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер ќе станува советник на Владата на Албанија во процесот за приближување на земјата за членство во ЕУ, според соопшението на новите власти во Тирана. И покрај споменувањето на вртоглави суми, колку чинел говорот на Блер во Македонија не се открива. Додека познавачите на состојдите тврдат дека е тешко за без пари Блер да држи говор, сепак официјалнат верзија вели оти некогашниот британски премиер дошол овде поради добрите односи со Субрата Рој, чија фирма„Сахара Груп“, го организираше балканскиот мировен фестивал. И во Албанија, според тамошните медиуми, премиерот Еди Рама изјавил дека Блер лично и доброволно ќе ја советува владата и ќе ја помага со своето исклучително искуство и политичка мудрост. Рама ветил на гласачите создавање на 300 илјади вработувања и намалување на сиромаштијата. Покрај цената уште една работа ги зачуди граѓаните. Реагираше Демократскиот сојуз, поради неможноста да се следи во живо говорот на Тони Блер синоќа во Скопје. „Вчера вечер, во МНТ се обрати Тони Блер, поранешен британски премиер, во рамките на Сахара Балканскиот Мировен Фестивал, но Македонската телевизија го прекина преносот за време на неговиот говор“, се наведува во соопштението на партијата на Павле Трајанов од каде додаваат дека сктатено е правото на граѓаните да го проследат „овој исклучително инспиративен говор“. Од Македонската радио-телевизија одговорија дека не добиле дозвола од организаторот на Балканскиот мировен фестивал да го емитува во целост излагањето на Блер. Според договорот, МРТ можела да го емитува само воведното триминутно емитување од говорот. Во спротивно казните ќе беа високи за јавниот сервис“, вели Диме Ратајкоски, одговорен уредник на МТВ1. „Иднината им припаѓа на оние со отворен ум, а патот до мирот и просперитетот ќе се постигне само доколку сме партнери едни со други, а не спротиставени страни, истакна синоќа Тони Блер на првиот Сахара Балкански мировен фестивал - во Македонија.
Слично

Поврзани вести