ВО МАКЕДОНИЈА ДОМИНИРААТ МАЛИ ФИРМИ СО ПОМАЛКУ ДО 10 ВРАБОТЕНИ - најголем дел се во секторот Трговија на големо и мало
Во 2024 година активни биле 73.310 претпријатија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Според нивната објава, во 2024 година, 29,2 отсто од активните претпријатија се од секторот Трговија на големо и трговија на мало, а 81 процент имале од 1 до 9 вработени
- Податоците за структурата на активните претпријатија по сектори на дејности покажуваат дека во 2024 година најголемо учество има секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 29,2 отсто.
Податоците за структурата на активните претпријатија според бројот на вработените покажуваат дека најголемо учество од 81 процент имаат претпријатијата со 1 до 9 вработени. Потоа претпријатијата без вработени и претпријатијата со неутврден број вработени (без податок за вработените) со 9,6 отсто, па претпријатијата со 10 до 19 вработени со 4,3 проценти.
По нив следуваат претпријатијата со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 2,9 отсто, со 1,9 проценти учествуваат претпријатијата со 50 до 249 вработени и само 0,3 отсто од активните претпријатија имаат над 250 вработени - се посочува во објавата на ДЗС.
