Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија 75% од жените работат во приватни фирми

Во Македонија 75% од жените работат во приватни фирми
Во земјава од вработени 270.559 жени колку што имало во 2014 година, 75% работат во приватни компании. Овие податоци ги објави Државниот завод за статистика по повод 8 март-Денот на жената. Меѓу жените работнички 95% се ангажирани со полно работно време. Стапката на сиромаштија кај вработените жени е 7.8%, а кај невработените 35.7%. Во 2014 година дипломирале 5.411 жени или 55.9% од вкупниот број на дипломирани студенти. Жени магистри имало 1.192 или 58.5% од вкупниот број магистри, а доктори на науки имало 106 жени. Од вкупно отселените граѓани во годината, 41% биле жени на возраст над 30 години, а  најмногу се селеле од Југозападниот регион.
Слично

Поврзани вести