Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија 3655 луѓе се хранат во народни кујни

Во Македонија 3655 луѓе се хранат во народни кујни
Во земјава 3655 луѓе се хранат во 49 народни кујни, во урбаните и руралните средини, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Бројот на корисници во народните кујни се менува во зависност од актуелните состојби на терен, како и годишните сезони.  Од МТСП истакнуваат дека на годишно ниво вкупниот број на корисници континуирано се зголемува со отворањето на нови народни кујни. „Корисници на овие услуги се стари и изнемоштени лица и лица во социјален ризик, кои користат право од социјална заштита. Врз основа на поднесено барање за користење на оваа услуга, месно надлежниот Центар за социјална работа презема соодветни мерки на заштита и иницира постапка согласно постоечката законска регулатива заради обезбедување на непосредна помош и заштита на  ранливите групи на граѓани изложени на социјален ризик“-вели Жаклина Величковска од МТСП. Проектот народни кујни започна да се имплементира во 2007 година, со цел да им се помогне со топол оброк на најсиромашните граѓани.
Слично

Поврзани вести