Во Македонија 27 деца родени од малолетни мајки во 2014
Во земјава преклани 27 деца се родиле од мајки кои не навршиле 15 години.
Ова стои во последниот годишен извештај на Државниот завод за статистика, кој се однесува за 2014 година. За шест години, 160 девојчиња под 15- годишна возраст станале мајки.
На европско ниво, 5,4% од децата ги родиле малолетни мајки. Според податоците на „Евростат", најмногу млади мајки има во Романија 15,5%, во Бугарија 14,7% и во Унгарија 11%. Најмал процент на малолетни мајки има во Италија 1,8%, Словенија 1,9% и во Холандија 2,2%.
Социолозите сметаат дека овие бројки се големи, со оглед на фактот дека живееме во современо општество.
„Малку е чудна оваа појава, со оглед на тоа што во едно современо општество каде што имаме достапни информации за сексуална заштита се раѓаат толку многу бебиња од малолетни мајки"- објаснува социологот Татјана Стојановска - Иванова.
Таа смета дека оваа појава е негативна за мајките, семејството, но и за општеството.
Слично
