Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија – тешко се преживува, а камоли да се живее

Во Македонија – тешко се преживува, а камоли да се живее

Во Македонија тешко се преживува, а камоли да се живее. Ова е заклучокот кој можеме да го извлечеме од последната економска анализа на Порталб.мк која забележува дека 445 200 луѓе живеат под прагот на сиромаштијата.

Анализата покажува дека секое трето семејство или 30 отсто од домаќинствата со вкупните месечни примања кои ги остваруваат , многу тешко го истеруваат месецот.

3,6 отсто од домаќинствата пак велат дека многу лесно го преживуваат месецот. 

56,8 отсто од семејствата живеат многу тешко или тешко со вкупните месечни приходи, од овој процент 30 отсто изјавиле дека живеат многу тешко а 26,8 отсто тешко со месечните приходи.

Според анализата 29,9 отсто, изјавиле дека со месечните примања живеат со извесни тешкотии, 9 отсто изјавиле дека со приходите месецот го туркаат подносително лесно, 3,6 отсто рекле дека лесно ги задоволуваат потребите додека 0,7 отсто изјавиле дека многу лесно го туркаат месецот.

Сиромаштијата во пад

Заводот за статистика измери дека стапката на сиромашни луѓе во 2013 година изнесувала 24.2%, во 2014 година 22.1%, додека во 2015 година 21.5% од лицата живеат под прагот на сиромаштија.

445 200 луѓе не можат се уште да ги задовлат основните животни потреби и живеат под прагот на сиромаштијата.

Едно сиромашно четиричлено семјство, од двајца возрасни и две деца помали од 14 години, месечно има 223 евра, пари со кои треба да се подмират сите животни месечни потреби, храна, комуналии, образование, здравство.

Слично

Поврзани вести