Во мај просечната плата 26.390 денари, најниска во чевларскиот бизнис и служењето храна
Во мај просечната македонска нето-плата изнесувала 26.390 денари, според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика и истата покажува раст од 4,4 отсто во однос на мај минатата година.
Најголемо зголемување на плати има во дејноста информации и комуникации. Исплатената просечна плата во мај во оваа дејност била 53.704 денари и забележала раст од 23,7 отсто.
Раст од 12,3 отсто е забележан и кај платите на вработените во образованието, каде просечната плата во мај изнесувала 27.196 енари. Во дејностите на здравствена и социјална заштита има раст од 8,1 отсто и исплатената просечна плата по врабоен изнесува 31.492 денари.
Вработените во чевларскиот сектор земаат најниски плати во земјава. Најниски просечни плати во мај се исплатени во секторите: производство на кожа и слични производи од кожа (14.255 денари), дејности за подготовка на оброци и служење на храна (14.875 денари).
Понатаму следат туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив (15.286 денари),објекти за сместување (16.350 денари) и заштитни и истражни дејности (16.149 денари).
ИТ секторот е на врвот со плати од 68.000 денари.
