Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ЛОШО ПРИЈАТЕЛИТЕ СЕ ПОЗНАВААТ: Унгарија ги зголемува испораките на нафта за Србија

ВО ЛОШО ПРИЈАТЕЛИТЕ СЕ ПОЗНАВААТ: Унгарија ги зголемува испораките на нафта за Србија

Унгарската нафтена компанија МОЛ ќе ги зголеми испораките за Србија по стапувањето во сила на американските санкции врз српската нафтена индустрија, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Бидејќи МОЛ игра важна улога во снабдувањето на Србија со сурова нафта и гориво, нашите српски пријатели можат да се потпрат на зголемени испораки од МОЛ – рече Сијарто во објава на Фејсбук, објави Танјуг.

Според него, ова зголемување нема да може целосно да го замени недостатокот на испораки од Хрватска.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека е реална проценка дека рафинеријата може да работи без дополнителни приливи на нафта до 1 ноември и додаде дека кога станува збор за гориво, нема да има проблеми до Нова Година.

За време на своето обраќање до граѓаните, во врска со воведувањето на американските санкции врз НИС, Вучиќ рече дека овој период може да биде подолг за пет или седум дена, но дека тешко дека ќе биде подолг од тоа.

Бизпортал.рс

Слично

Поврзани вести