Во Куманово зголеменo полициско присуство
Медиумите јавуваат дека градот во кој минатата недела беше пробиена терористичка група, Куманово, од ноќеска е под засиленo полициско обезбедување.
На улиците „11 Октомври„ и „Тодор Велков“ во центарот на Куманово е забележано зголемено полициско присуство а дел од улиците се блокирани.
Одговорот на МВР за овие активности е дека се преземаат мерки за безбедност во Куманово.
Полицијата не дозволува фотографирање на наведените улици, а секојдневието и работните активности на луѓето течат нормално.
Слично
