Во куќата на претседателот на косовската комисија за демаркација со Црна Гора најдена бомба
Бомба е пронајдена на терасата од куќата на претседателот на косовската комисија за демаркација со Црна Гора, Мурат Меха.
На лице место, покрај полиција има и пожарникари, екипа на брза помош и единици за деактивирање експлозивни направи, а улицата е блокирана.
Дојавата за бомба пристигнува само неколку часа откако на седницата на Комитетот за надворешни работи во една од салите на косовското собрание, а на која се расправаше за ратификација на Спогодбата за демаркација со Црна Гора, беше фрлен солзавец.
Каменувана е и зградата на Владата во Косово.
Претседателот на косовскиот Парламент, Кадри Веселји го осуди подметнувањето на експлозивната направа во куќата на Меха. Тој порача дека тоа е кривично дело и е во спротивност со моралот на албанскиот народ.
Веселји порача дека сторителите треба да бидат идентификувани и приведени.
