Во криптовалути ќе биде исплатен дел од договорот на фудбалската суперѕвезда Лионел Меси со ПСЖ
Вредноста на финалниот договор што Лионел Меси, фудбалската суперѕвезда го потпиша со Пари Сен-Жермен вкучува и криптовалути. Меси потпиша двегодишен договор со ПСЖ со опција да се продолжи на третата гоидна што ќе значи годишен нето приход за него од 41 милион долари плус бонусите. Дополнително за фудбалерот има 30 милиони долари како трошок од потпишувањето.
ПСЖ соопшти дека „пакетот за добредојде“ на Меси ја вклучува криптовалутата „$PSG Fan Tokens“.
Официјалниот знак за навивачите на клубот забележа зголемен обем на тргување и пораст на цената како резултат на вестите и гласините дека Меси доаѓа во тимот. Според извештаите, обемот на тргување на токенот надмина 1,2 милијарди долари во деновите пред неговото пристигнување. Исто така, цената се зголеми за 130 отсто за пет во услови на извештаи што укажуваа дека Меси може да дојде во клубот. Навивачкиот знак на ПСG беше лансиран во јануари 2020 година, како дел од платформата за токен на Socios.com и имаше почетна цена од 2 евра. Токенот има цена од 41,23 долари во времето на пишување, што значително се зголеми од неговото издавање. Овие токени им даваат на носителите некаква моќ за одлучување во некои работи во врска со клубот.
