Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Косово повторно ќе може да се патува со две дози

Во Косово повторно ќе може да се патува со две дози

Oд сабота во Косово ќе се патува со доказ за примени две наместо три дози вакцини. 

Меѓуресорскиот Комитет за здравство денеска одлучи да ѝ предложи на Владата нови, олеснети ковид мерки, а меѓу другото, се укинува обврската за странските граѓани при влез во Косово да приложат доказ за примени три дози вакцини или две дози вакцини плус негативен РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Се очекува Владата на премиерот Албин Курти предлогот да го усвои утре, а кој би стапил во сила в сабота, на 5 февруари, со што се враќа претходната обврска за приложување доказ за примени две анти-ковид вакцини. Влезот во земјата е дозволен и за лицата кои имаат примено една вакцини, со тоа што треба да приложат и негативен РТ-ПЦР тест.

Првиот вицепремиер на Македонија, Артан Групи, претходно реагираше на ограничувањата. Кажа дека секој викенд оди на Косово, а новите мерки би го отежнале тоа. 

Во Косово над 3.000 луѓе починаа од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести