Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Косово е запален автомобил сопственост на Срби од Зубин Поток

Во Косово е запален автомобил сопственост на Срби од Зубин Поток

Во Косово e запален уште еден автомобил пререгистриран со таблички РКС. 

Полицијата информираше дека во раните утрински часови е опожарен автомобил со таблички РКС (Република Косово) сопственост на припадници на српската заедница од Зубин Поток. Ова е четврти случај на палење имот на лица со регистарски таблички РКС, што косовските власти го карактеризираат како „заплашување“. Последен пат сличен инцидент се случи на 27 октомври, кога на територијата на општина Лепосавиќ е запален автомобил кој беше пререгистриран во РКС.  Kосовските власти вчера почнаа да го спроведуваат планот за пререгистрација. 

Србија испрати војници на границата со Косово.  Инаку, Србија собори и комерцијален дрон вечерва над Рашка. 

Слично

Поврзани вести