Во корона кризата 30 проценти од луѓето кои останале без работа се млади под 29 години
Според Сојузот на синдикати, 30 проценти од луѓето кои останале без работа oткако почна кризата со коронавирусот се млади под 29 години.
Секој четврти човек кој останал без работа е млад. Бараат ограничување на договорите на определено време од пет на една година по што работниот однос би се транформирал на неопределено време. Сметаат дека така ќе се спречи одливот на мозоци и младите ќе ја гледаат својата перспектива во сопствената држава.
„Според нашите податоци, најголем број на млади лица кои го загубиле своето работно место имале договор за вработување на определено време, што го потврдува податокот дека младите лица се една од најранливата категорија на лица кога станува збор за работнички права, работат на црно, имаат договори на определено, земаат плата пониска од останатите и работат на понесигурни работни позиции“, стои во соопштението од Секцијата на млади при ССМ.
Од Секцијата на млади при ССМ објаснуваат дека работат на информирање и едукација на младите. Отворена е бесплатна мобилна апликација „ССМ-мои работнички права“ на која може да се пријават прекршувањата на работничките права.
foto unsplash.com
