Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Комисијата за импичмент спротивставени мислења за аболицијата на Иванов

Во Комисијата за импичмент спротивставени мислења за аболицијата на Иванов

На Комисијата за импичмент на претседателот, Ѓорѓе Иванов денеска од опозицијата рекоа дека Иванов работи по диктат на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова свое тврдење го поткрепија со фактот дека во еден ден, тој издаде 107 помилувања за 56 лица, од кои голем дел се членови на Извршниот комитет на партијата.

„Иванов од Сараево ни испрати порака- немојте да крадете ќебапи и ајвар по подрумите ќе добиете етикета дека сте сите криминалци, крадете многу пари и ќе добиете епитет дека сте политичари, а политичарите во земјава не треба да одат во затвор“ – рече Горан Мисоски, пратеник од НСДП.

Нему му одговори претседателот на комисијата,  Зоран Илијоски кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кoи биле мотивите, што мислел Иванов, дали некој го натерал тоа не е наша работа, ние тука треба да утврдиме дали има одговорност и дали ги прекршил Уставот и законите“ - кажа Илијоски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека спорниот член од Законот за помилување постои, а опозицијата го велеше спротивното, дека не постои.

Комисијата идната недела треба да подготви извештај и предлог-одлука за тоа дали барањето за импичнет е издржано или не. Потоа за одлуката ќе се расправа на пленарна собраниска седница, а за да помине предлогот за одговорност на Иванов за него треба да гласаат 82 пратеници.

Слично

Поврзани вести