Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во која земја во регионот пратениците добиваат најголеми плати?

Во која земја во регионот пратениците добиваат најголеми плати?

Пратениците во Косово имаат највисоки плати споредено со колегите од соседните земји, јави дописникот на МИА.

За една земја како Косово, со висок степен на сиромаштија и огромна невработеност, е неприфатливо платите на пратениците да изнесуваат 2.000 евра, коментираат економските експерти и политичките аналитичари. Основата плата на косовски пратеник изнесува 1.488 евра, а остатокот се акумулира со учества во различни собраниски комисии, патувања во странство и со ангажирања во работни комисии по законски проекти, што носи приход од околу 2.000 евра.

„Најсиромашната земја во регионот најмногу од сите ги плаќа своите пратеници. Парламентарците на Косово месечно добиваат до 2.000 евра, додека истовремено во Србија платата на нивните колеги не достигнува ни 1.000 евра“ - пишува приштинскиот весник „Зери“.

Весникот прави споредба со платите на пратениците во соседните земји на Косово, при што наведува дека веднаш по косовските се црногорските пратеници со месечна плата во износ од 1.200 евра, па албанските со 1.080, македонските со 1.000 и српските со 860 евра.

Слично

Поврзани вести