Во која земја најчесто се преселуваат Германците?
За повеќето Германци, Швајцарија е ветената земја.
Омилена земја за живеење за Германците во Европа е Швајцарија. Според Федералниот завод за статистика, околу 330.000 германски државјани живееле во Швајцарија на почетокот на минатата година. За 10 години, бројот на Германци во Швајцарија се зголемил за околу 10,7 проценти. Релативно голем број Германци живеат и во Австрија. На почетокот на 2025 година, имало околу 240.000 од нив. Германците, според тоа, ја сочинувале најголемата група странски државјани во Австрија.
И Швајцарија и Австрија граничат со Германија – напишале статистичарите. Покрај тоа, германскиот јазик е службен јазик таму, така што нема јазична бариера- пишува Каматица.
Претходно Германците масовно се иселувале во Шпанија, но во последните години бројот на Германци во Шпанија е во опаѓање.
Во Австрија, околу 13,3 проценти од Германците припаѓале на возрасната група од 65 години или постари, додека во Шпанија тој удел изнесувал 26,8 проценти. Податоците доаѓаат од европската статистичка служба Евростат и од швајцарската федерална статистичка служба BFS.
