Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во која соседна земја 40 отсто од приходите се трошат за храна?

Во која соседна земја 40 отсто од приходите се трошат за храна?

Едно просечно семејство кај западниот сосед троши приближно 40 проценти од семејниот буџет само за исхрана. 

Тоа значи дела едно просечно семејство троши приближно 93,000 албански леки (963,24 евра), при што 40 проценти од семејниот фонд се одвојува само за исхрана, пренесува Еуроњуз Албанија. Ова остава малку пари за другите потреби – образование, рекреација или заштеда.

Еуроњуз Албанија пренесува дека цените на основните артикли, како леб, масло за јадење, млеко и зеленчук, забележале значителен пораст во текот на изминатите две години, со што расходите за храна достигнале речиси половина од месечните примања на семејствата.

Албанските граѓани велат дека со нивните примања едвај успеваат да ги задоволат основните потреби и купуваат исклучиво есенцијални продукти. Тие ја искажуваат својата зачуденост од фактот што цените во државата се значително повисоки отколку во западните земји, наведувајќи ја цената на адаптираното млеко во Берлин (1,4 евра) и во Албанија (400 леки или 4,14 евра) како пример.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести