Во која европска земја лани се отворени половина милион работни места?
Половина милион работни места се отворени минатата година во Шпанија.
Вработеноста продолжи да расте со брзо темпо минатата година, бидејќи беа регистрирани 506.451 нови работни места, објави денеска шпанското Министерство за инклузија. Социјалното осигурување на Шпанија доби повеќе од половина милион нови членови, иако само декемвриската бројка претставува одредено забавување на создавањето работни места.
Со ова, вкупниот број на вработени достигна нов рекорд од 21.844.414 лица на крајот на декември, објави Ел Паис.
Ова претставува годишна стапка на раст на вработеноста од 2,4 проценти, идентична со онаа евидентирана во 2014 година.
foto freepik.com
Слично
