Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во која европска земја 61 отсто од граѓаните не можат да си дозволат одмор од една недела?

Во која европска земја 61 отсто од граѓаните не можат да си дозволат одмор од една недела?

Една третина од Хрватите немале пари ниту за една недела одмор, a во Романија и Грција уште повеќе луѓе го имаат истиот проблем. 

Во Романија дури 61 процент граѓани не можеле да си дозволат одмор, а зад неа следуваат Грција со 46,6 проценти, Унгарија и Бугарија со 39,1 процент.

Италија ја предводи групата со малку повеќе од една третина граѓани чија финансиска состојба не дозволувала еднонеделен одмор минатата година. Хрватска е заедно со Шпанија со 32,6 проценти, а Португалија е веднаш зад неа со 33,1 процент, според податоците на Евростат, ажурирани на почетокот на јуни.

Уделот беше најмал во Луксембург, Шведска и Холандија, каде што само 11, 12 и 13 проценти од граѓаните, соодветно, не можеа да финансираат еднонеделен одмор лани.

Околу 17,3 милиони германски граѓани не можат да си дозволат еднонеделен одмор, според податоците од Федералниот завод за статистика, што укажува дека 21 процент од населението нема доволно пари за летен одмор. Буџетите на домаќинствата поставуваат ограничувања првенствено на самохраните родители, па 39 проценти од нив не можеле да финансираат еднонеделен одмор минатата година, откри германскиот Федерален завод за статистика.

Слично

Поврзани вести